BLOGGER TEMPLATES AND TWITTER BACKGROUNDS

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО БЛОГОТ НА АНДРЕА

Мислам дека со сето ова што ви го презентирам ќе разберете каква сум и што најмногу сакам.Како и сите мои врсници сакам да се забавувам , слушам убава музика а најмногу од се ги сакам луѓето, природата и се што е природно.
ПОВЕЛЕТЕ И ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Sunday, May 2, 2010




Што е тоа добрина? Дали е тоа орудие со кое се служиме за

да не сакаат и да се почувствуваме исполнети?

Па можеби е само сладок опиум од нашиот ум кој удира со

чеканот по нашето срце и не пара-

лизира со својот разорен отров.

Каква би била таа добрина што ја нудам ако ја немам

доволно за себе? Тоа би бил само еден сон без соништа,

само темнина , тишина без мириси.А сепак се плашам, знам

дека не е доволна само мојата добрина ако целиот свет е

опкружен со злоба и завист.Како таа добрина што ја

чувствувам во моето малечко срце да ја пренесам на другите

а најмногу на возрасните кои како да ја избришале сета

добрина на светот.Потоа како повторно да се будам и се

обидувам да ја сложам сложувалката од зборовите што го

сочинуваат тој збор.

Секојпат кога ќе помислам само на добрина ќе помислам и на

себеси, доволно е само да си дадам љубов за да имам што да

споделам со другите околу мене.Нема да заборавам да се

смеам, нема да заборавам да се радувам на секое

изгрејсонце надевајки сe дека секој ден ќе биде исполнет со

добрина која јас ке ја дарувам надевајќи се дека ке ми биде

возвратена.И потоа гласно ке викнам"Луѓе јас сум среќна и

така сета злоба на целиот свет ке биде закопана во бунарот

на заборавот и насекаде ке зрачи само добрина,среќa и љубов..


Kако се игра одбојка?

Одбојката е колективен спорт кој се игра на таков начин што 2 екипи, одбоени со висока мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до противничката екипа.По сервирањето од страна на едната екипа,играчите од другата екипа имаат право до 3 пати да ја удрат топката пред да ја префрлат топката преку мрежата. Поен се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа,ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул.
Се игра до добиени 3 сета при што секој сет треба да се освојат освојат 25 пеони,освен во евентуалниот петти сет кога се игра до добиени 15 поени.При тоа, победничката екипа мора да има два поени разлика во однос на противничката екипа, при освојувањета на потребниот број поени за победа во тој сет.Во спротивен случај, сетот продолжува се додека некоја од екипите не направи разлика од два поени.